Република Македонија изгоре во пожари, а директорот на ДЗС, Аднан Џаферовски, човек од доверба на Зоран Заев, исто како својот шеф тера кампања и не го интересираат огромните штети кои ги трпат граѓаните и државата. Стотици хектари шума изгореа, а Џаферовски и Заев не покажаа никаков интерес да се справат со пожарите, обвини денеска Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.

Денеска се наоѓаме пред Дирекцијата за заштита и спасување под раководство на СДСМ која е клекната на колена. Уништени се сите капацитети за справување со непогоди. Дали е вистина дека заради несовесното работење на првите луѓе во дирекцијата, авионите додека ги гаснат пожарите во Охридско и околината мораат да се вратат на аеродром за да наполнат вода и да потрошат час и половина, наместо директно да наполнат вода од Охридското езеро?Одговорност мора да има за оваа ненадоместлива загуба за изгорени национални паркови, животни и села. За почеток неспособниот директор, Аднан Цаферовски мора да си поднесе неотповиклива оставка, изјави Салвева