Реципрочното пренесување на сигналите на Јавните медиумски сервиси на Македонија и Бугарија не се спроведува, алармира „Радио слободна Европа“. Македонската радио телевизија не се емитува во бугарскиот етер, додека бугарската национална телевизија БНТ се емитува во земјава. Македонски Телеком ги презема и емитува пакетот програми на БНТ. Според Договорот за добрососедство меѓу двете земји, договорено е размена на програмата на јавните сервиси.
Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји, се вели во Договорот за добрососедство.
Comments are closed for this post.