Со транспаренти „Животот пластичен не е фантастичен”, „Правдата пред профитот”, „Сакаме да дишеме“, граѓаните на марш пред Владата им порачаа на надлежните дека треба да се грижат за чистиот воздух и здравјето, многу повеќе отколку за парите.
Невена Георгиевска од здружението О2 посочи дел од мерките кои бараат да се исполнуваат: носење на детален урбанистички план во Гази Баба за поранешната градска депонија Вардариште, итно започнување на санација и ремедијација на таа депонија, забрана за увоз на гуми и друг отпад како извор на енергија, контрола на отпадот на граничните премини, отворање на истрага за узвоз на отпад, отворање истрага за ОХИС во стечај.
Меѓу мерките се и забрана за откуп на старо железо, олово, калај, алуминиум, Бараат и поставување на монтажни живеалишта за лицата без дом и нивна интеграција во општеството, уредување на тие простори за повторно да се населуваат, да се донесат по итна постапка редица закони како закон за почви, закон за инспекција за животна средина, закон за контрола на емисија од индустријата, закон за комунална полиција…
Comments are closed for this post.