Градот Скопје денеска ја одбележува 56-та годишнина од катастрофалниот земјотрес. Утрото на 26 јули во 1963 година, во 5 часот и 17 минути, земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихетеровата скала го срамни Скопје со земја и го остави градот без сите врски со светот. Загинаа 1.070 лица, повеќе од 4.000 беа повредени, околу 200.000 останаа без покрив над главата, 28.000 домови беа оштетени и нешто повеќе од 15.000 станови беа урнати.
Први што им пристигнале на помош на скопјани биле војниците и граѓаните од поранешните југословенски републики, а веднаш потоа почнале да пристигнуваат помош и спасувачки екипи од целиот свет. Многу земји испратиле најразлична помош за Скопје и помогнале во изградбата на новото Скопје. Од тогаш и Скопје го носи епитетот „град на солидарноста“.
Comments are closed for this post.