Бившиот грчки министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, го критикуваше Преспанскиот договор, изјавувајќи дека Грција, ако ги искористи тенковите, може да се справи со својот помал сосед за 20 минути, соопшти електронското издание на „Катимерини“.
Ние не чувствуваме никаква опасност. Скопје е 20 минути работа. Ако група тенкови одлучи да ја премине границата, таа ќе стигне до другиот крај на државата, до Србија, изјави Каменос.
Потоа Каменос го повтори тврдењето дека бил „измамен“ од премиерот Алексис Ципрас, кој првично тврдел дека Преспанскиот договор ќе биде ставен на разгледување во парламентот во текот на март.
Бившиот коалиционен партнер во владата на Ципрас, кој поднесе оставка од министерската функција по ратификувањето на договорот за новото име на Македонија, испрати критики и кон бившиот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, изјавувајќи дека тој „дејствувал предавнички“.
Comments are closed for this post.