Откако се објави листата на кандидати за министри од СДСМ се зголеми незадоволството кај партиското членство но и кај поранешните функционери за изборот на кадри што го направил лидерот Зоран Заев.
Меѓу кандидатите се наоѓаат луѓе кои се блиски до Заев, и кои од скопските членови на СДСМ се наречени „сељачкото“ или струмичкото крило.
Такви се генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го добива новоформираното вицепремиерско место за координација на инспекциските служби и борба против корупција, потоа техничкиот премиер Оливер Спасовски кој се враќа како министер за внатрешни работи, Бојан Маричиќ кој е еден од луѓето од доверба на Заев, како и досегашниот градоначалник на Штип Бочварски кој ќе биде нов министер за транспорт и врски. Дел од „екипата“ на Заев е и старо-новиот министер за здравство Венко Филипче.
Слична е и листата на пратеници.Таму се наоѓаат Костадин Костадинов кој важи за „дете“ на Заев, потоа Мухамед Зекири, Дамјан Манчевски и др.
Comments are closed for this post.