Изет Меџити пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција вели дека ќе даде зелено светло за новиот Владин состав кој најверојатно утре ќе биде достаен до Собранието, а в недела ќе биде гласањето.

Меџити за „ТВ 21“ објаснува дека има забелешки за извршната власт, но по долгите дебати во партијата, тој додава дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети.

Тој беше главен во скопскиот огранок на ДУИ кој се противеше Бујар Османи да биде дел од извршната власт и бараше да биде поставен за прв вицепремиер.