Со недипломатска и недуховита шега која во Македонија не може да предизвика насмевки туку чувство на навреда, албанскиот премиер Еди Рама се вмеша во ракувањето на германскиот канцелар Олаф Шолц со премиерот Димитар Ковачевски на самитот на ЈИЕ во Солун вчера.
Имено, додека домаќинот-грчкиот премиер Мицотакис на Шолц му ги претставуваше албанскиот премиер и Димитар Ковачевски како премиер на Македонија, Рама се приклучи на разговорот со забаелешка, „идната, идна западна Бугарија“ по што сите се насмеаја дипломатски, за да не пропадне несоодветната шега на албанскиот премиер.
Comments are closed for this post.