Комесарот Јоханес Хан вели дека Северна Македонија доста направила и оти е сега време и Европската унија нешто да испорача.Тој е убеден дека земјава ќе добие датум за преговори и оти сите очи се вперени во октомври.

Тоа е национална цел и сите во државата треба да сфатат дека треба да работат на ова. Секако, постојат дискусии и преговори, но ова сметам дека сите треба да бидат свесни за конечната цел  и за судбината на државата. Се надевам дека сите ќе ги поддржат неопходните мерки кои допрва треба да бидат преземени со цел да се постигне она што многумина од нас сакаат да го видат, а тоа е зелено светло за почеток на пристапните преговори, рече Хан.

Тој жали што земјите членки се уште немаат одлучено за отворање на пристапните преговори и што тоа не го направија во јуни затоа што, како што потенцира, земјата постигна успех, испорача се што беше побарано.

– Северна Македонија работеше вредно и време е ЕУ да ги исполни своите обврски. Некогаш мора и ЕУ да испорача, а не само вашата земја. Но, затоа неопходно е да се продолжи со натамошно спроведување на реформите, рече еврокомесарот Хан.