Во 2017 година стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 22.2 отсто или околу 460 илјади граѓани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Основа на пресметките на сиромаштијата, како што соопштуваат од ДЗС, се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20 отсто. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9.0 отсто додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 отсто.
Според ДЗС, „Gini“ коефициентот, мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесува 32.5 отсто.
Стапката на сиромаштија е поголема во однос на претходната година кога изнесувала 21,9 отсто или околу 445 илјади граѓани биле сиромашни
Comments are closed for this post.