Синдикатот на културата (СКРМ) го одржа ветениот протестен марш за нов колективен договор во културата. Протесниот марш е последно предупредување пред најавениот штрајк.
СКРМ ги повика сите вработени во културата, културни работници и останати, солидарно да се приклучат кон барањата за регулирање на работните односи во културата после цели 14 години откако е потпишан последниот колективен договор.
Изминуваат 14 години од последниот општ колективен договор во културата. Четиринаесет години без јасно дефинирање и групирање на работни места во институциите, без правична валоризациjа на трудот во сите дејности, без прецизно поставување на критериумите за безбедност и здравје при работа, без додатоци од плата, теренски и службени дневници, информираат од СКРМ.
Comments are closed for this post.