Ниту една цена за имплементација на некој закон не е поголема од цената на мирот и добрите меѓуетнички односи, а зaконoт за јазици тоа го носи. Ова вчера го изјави пратеникот на ДУИ Артан Груби за драфт мислењето на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците.

Денеска за оваа изјава премиерот Зоран Заев запрашан од новинарите кое е неговото мислење, односно дали со законот за јазици невистина го обезбедува мирот во државата, Заев затекант од кажаното од страна на Груби рече дека политичарите понекогаш знаат и да лупаат глупости.