Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, која вчера беше на средба со граѓани во општина Сопиште, пред присутните граѓани, меѓудругото истакна и дека ова што го прави Зоран Заев, нарекувајќи го Заевизам ќе се проучува од страна на науката, додавајќи дека од демократијата во Република Македонија нема ниту трага.
Заевизмот ќе биде запаметен и по тоа што за првпат во македонската политичка историја во текот на мандатот на еден премиер, обвинение што сите го чувме, јас не знам колку некој да сече, да лепи, ќе остане едно евро за Вицето, едно за црквата, едно за партијата, сите видовме, сепак беше ослободен. Во било која друга земја ако премиерот во текот на мандатот се соочи со постапка, ќе поднесе оставка за да може Судот независно да суди во неговиот случај и тоа изостана“, порача Силјановска.
Таа додаде дека поделбата на власта на извршна судска и законодавна, не е случајна, туку напротив претставува една спрега, како што рече кочница за да не се мешаат овие три власти.
Според Силјановска Давкова, Заевизмот во Република Македонија ја избришал оваа поделба и кочница со потпишување на Преспанскиот договор, односно како што рече таа склучување на меѓународни договори се во надлежност на Претседателот на државата, а не на министерот за надворешни работи.
Не случајно е поделбата е поделбата на власта, за да има секоја од трите власти, спрега, кочница во однос на другата власт. Значи Заевизмот од една страна значи укинување на спрегите и кочниците меѓу двете глави на извршната власт, претседателот, владата и премиерот. Претседателот целосно е отстранет, дури и од функции кои што се секогаш претседателски, како што е склучувањето на меѓународните договори, па видовте вие дека наместо Претседателот на државата, кој што со право ќе одбиеше да го склучи, го потпиша, го склучи министерот за надворешни работи“, потенцираше Силјановска Давкова.
Comments are closed for this post.