Македонија е во женски род не случајно, сите ние сме растеле, сме се радувале со песни со ора, со фолклор, во нив умирале, се мажеле и женеле за Македонија, мечтаеле за Македонија. И политиката е именка од женски род, понекогаш за да ги заведам студентите се обидувам драмски да настапувам велејќи им дека политиката некогаш била уметност на можното, а за бракот пак велам да бидам искрена бидејќи тоа е заедница за што вреди да се живее велам дека е уметност на неможното, ова денеска на 18-тата годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го истакна кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
И обично на свадбите кога им подарувам нешто, најчесто книги го пишувам ова и велам дека вреди да се проба и првата и особено втората уметност. Јас бев во политиката едно време и мислев дека тоа не е мојот свет, меѓутоа политиката почна да го креира нашиот живот и кога зборуваме за добри политики тогаш имаме и добар живот, но се случија нешта кои наместо уметност на можното покажаа дека политиката може да биде на некаков начин, земена, украдена и окупирана од мал дел на луѓе, потенцира Силјановска.
Таа додава дека не смее политиката да биде во рацете на неколкумина и не смее таа да биде само еднострана и да нема критика.
-Честопати велам штитејќи ја опозицијата политичарите се штитат себеси, оти демократијата е игра. За жал на Балканот се случуваат работи кои можам да ги наречам „цезаризам“, „бонапартизам“, „олигархија “. Во Република Македонија за нешта кои никој нема право сам да ги решава, во Македонија решаваа неколкумина. Нивните зборови споредени кога биле опозиција и сега, во дилема сум дали се работи за исти луѓе, бидејќи тоа што го ветиле не го исполниле. Политиката може да ја загрози не само државноста, да не води сметка за идентитетот, туку како што вели еден британски лорд „политиката може да расипе, може да корумпира и апсолутната политика може да расипе и корумпира.“, вели Силјановска.
Comments are closed for this post.