Во првиот круг на претседателските избори немаше јасно разграничување меѓу државното и партиското, коментираше денес на прес-конференција изјави Гордана Силјановска Давкова, на новинарско прашање околу најавената метлата во владејачката СДСМ. Таа истакна дека „секогаш примерот треба да доаѓа од носителите на власта“.
Претседателски кандат на опозицијата на прес-конференција одржана на улицата Македонија, осврнувајќи се на резултатите во првиот круг рече дека на него не гледа само како гласање за враќање на ВМРО-ДПМНЕ, туку и како гласање за Гордaна Силјановска Давкова.
Погледнете ги резултатите во главниот град, во најголемите урбани центри во Македонија и ќе го видите политичкиот земјотрес“, рече професор Силјановска Давкова, означувајќи го почетокот на изборната кампања за вториот круг.
Според неа резултатите се шокантни за нејзините противници, кои најавувале разлика од 150.000 гласови во корист за Пендаровски, што не се случи.
Не треба да сте експерт по избори за да заклучите дека во историјата на европските избори се нема случено ваков колапс на легитимитетот. За 18 месеци да изгубите 40 отсто од гласачите, или околу 200.000 гласачи, е силно предупредување не само за претседателски избори, туку и за очекуван пораз на следните парламентарни избори“, изјави Силјановска.
Таа ги искритикува премиерот и владините министри што учествуваат во кампањата на Пендаровски. Како што рече Силјановска, Заев е и нејзин премиер, а министрите се и нејзини министри, но ја пречекориле линијата меѓу држава и партија.
„Албанофобија и хомофобија“
Силјановска особено жестоко реагираше на нападите на противкандидатот Стево Пендаровски, за кого рече дека ја обвинува за албанофобија.
Тоа е признание за хомофобија (неговиот напад н.з.), ама и за умофобија. Јас бев една од ретките жени, кои отидоа на ифтар во џамија“, истакна Силјановска.
Притоа таа повика дека треба да се бориме против сите изми и порача дека во ЕУ се влегува со резултати, односно со решителна бирка со непотизмот, корупцијата.
Вака нема да добиеме покана“, подвлече професорката Силјановска, која на денешната прес-конференција дојде по предавање на своите студенти на Правниот факултет..
Comments are closed for this post.