Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ рече дека граѓаните треба да излезат на гласање на претседателските избори.

Да, го бојкотирав референдумот затоа што не можев да легитимитирам нешто што беше донесено во процедура надвор од Уставот и од меѓународното право, истакна Силјановска Давкова.

Таа посочи дека на овие претседателски избори треба граѓаните да излезат да гласаат бидејќи победата на овие избори ќе значи делигитимитирање на сегашната власта и тоа нужно ќе води кон предвремени парламентарни избори.