Оваа власт наместо да ги надминува, ги продлабочува проблемите. Делегитимирана е, а изборите се инструмент за да го потврдат тоа!, рече синоќа во Струмица Гордана Силјановска-Давкова.
Сегашниот претседател толку многу општини поминува во текот на денот што химната изгледа како подолга од неговите говори. Веројатно затоа ја кратеа химната многупати, не само за да завршат порано со говорите, туку и да бидат во хармонија со должината на времето.
Анкетите велат дека над 70% од граѓаните јасно тврдат дека оваа власт чекори во погрешен правец и дека го промашила правецот. Тоа не се европски чекори, европските чекори би значеле потрага по стандарди што ги немаме, потрага по правна, безбедна, држава што има чувство за солидарност.
Comments are closed for this post.