Никој нема мандат ако нешто не ветил на избори тоа да го спроведува, нагласи професорката Гордана Силјановска Давкова на митингот во Кисела Вода. Според неа, на оваа влада мора да и се покаже дека е делегитимирана, а тоа ќе биде на изборим најпрво на претседателските , а потоа и на  предвремени парламентарни избори

Единствената промена што ја направија директно не засега сите нас. Болно, страшно бидејќи сè што сме правеле во животот, сè што сме читале, пишувале, сонувале, било врзано за Република Македонија. Никој нема право, нема мандат, ако на изборите во изборната програма не го нотирал тоа дека ќе го прави, потоа да го спроведува. Тое е она што го велиме – теорија на мандатот, но тие немаат ниту поим што значи тоа, истакна кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на митингот во Кисела Вода