„Не сум член на ВМРО-ДПМНЕ ниту имав обврска да ја прифатам нивната програма, значи натпартиски човек сум“, истакна во вечерашната дебата кндиаткат за претседател Горана Силјановска Давкова.
Ова е прва дебата на тројцата кандидати за претседател.
Таа потенцираше дека води двојна кампања – граѓанска и партиска.
„Јас имам и свој граѓански штаб во кој ќе работат оние кои поднесоа иницијтива за моја кандидатура. Во старт беше јасно дека не може без партија зад вас да победите, но можете ако сте прифатени од од некој однадвор и тука јас не гледам проблем.“
„Во конкурсот воопшто не се бара да ги прифаќате политиките на ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше во конкурсот на СДСМ. Можете да проверите веднаш. Што се однесува до настапите до врзувањето за предвремените избори јас сметам дека ако претседателските избори за мене значат делигитимирање на оваа власт, логично е тогаш, како што кажа премиерот ако се изгубат изборите да се оди на претесдателски изборио, уште пологично е да сметам дека тие што зад застанале зад мојата кандидатура да ја водат следната влада, во тие услови и мојата програма може да се реализира“, рече Силјановска.
Comments are closed for this post.