Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, оцени дека денешиот изборен ден ја потсетил на Вивалди, бидејќи денот почнал со дожд, без светлина и поминал низ сите годишни времиња.
Чудно се чувствувам. Бројките говорат за пораз, но јас никогаш не сум се чувствувала поисполнето, продуховено и од срце ви благодарам. Да добиете речиси 370 000 гласови е голема благодарност, а згора на тоа да станете и позната по улиците како Гога. Тоа мислам дека е нешто ново во Република Македонија. Да добиете за две недели плус речиси 50 000 гласови тоа е голема инспирација за мене“, рече Сиљановска.
Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ таа не мисли дека ја загубила битката.
Знам дека победи противкандидатот, но не мислам дека јас како поединец и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја загубив битката“, потенцираше Сиљановска.
После три децени вели дека во политиката повторно не влегла наивно, туку дека политиката има логика кога се сака да се внесе нешто ново.
Се обидов да го направм тоа, но политиката во Македонија се уште не е уметност. Политиката во Македонија е во рацете на партиите, тие одлучуваат најмногу и пред се за тоа кај кого ќе отидат гласовите, а не самите граѓани. На овие избори победи партократијата, а не демократијата. Но јас не се чувствувам како поразена, туку како наградена за сето она што го сторив“ , изјави Силјановска Давкова.
Comments are closed for this post.