На денешната тв дебата помеѓу кандидатите за претседатели професорката Гордана Силјановска истакна дека ако таа стане претседател ќе направи се што е можно правото да завладее во државата.

„Она што сум успеала во личниот и професионалниот живот одамна да бидам во ЕУ, да го направам и со Република Македонија преку сериозни реформи кои што ќе бидат во функција на владеење на правото“, истакна Силјановска Давкова.

За време на сочувањето со кандидатите, меѓу другото рече дека економската дипломатија е врвен предизвик за секој претседател и дека во тој поглед таа како претседател планира да се опкружи со компетенти луѓе од оваа област кој критички ги анализираат економските процеси.

Доколку претседателот соработува континуирано, а како кандидат за претседател ветувам дека првата средба ќе биде со претседателот на Стопанската комора на Македонија и со стопанствениците, позитивни резултати мора да има“, истакна Силјановска.

Силјановска Давкова ја искористи и приликата во емисијата да се обрати и до женската популација дека ова е шанса кога жените можат да кажат дека тие можат на поинаков начин да управуваат со државата.

„Исто така би се обратила и до неопределените, до разочараните од сегашната власт, мислам дека тоа е она што ќе ми биде главна цел во времето што претстои и дури до оние кои имаат намера да ги бојкотираат изборите“, појасни Силјановска Давкова.