Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска го повтори ставот дека бугарското вето за нашиот почеток на преговори со Европската Унија, всушност не е само блокада кон нас, туку и кон ЕУ.
– Таа блокада сакале или не, е и блокада на македонско-бугарското пријателство, тоа ќе доведе до речиси неповратно оддалечување, изјави денеска Димитров во гостувањето на „Утрински брифинг“ во врска со очекувањата дека ќе има промена на ставот на Софија до декември, но и можноста Албанија да истапи сама на патот кон ЕУ.
Вицепремиерот за европски прашања смета оти тешко дека до декември ќе се направи нешто. Тој вели дека позитивна интерпретација е дека Бугарија постепено би се повлекла од некои барања, а негативната е кога не обвинуваат за дискриминација, а тоа, како што посочува, не е така.
– Немаме поплаки, нема пресуди во Стразбур против Македонија за дискриминација на Бугари. Тие не можат да нѐ разберат за историјата, вели Димитров.
Тој додава дека Бугарите сметаат оти треба да влезат во македонскиот Устав. – Тоа е долг процес. Обратно не е можно, оти Бугарите велат дека нивниот Устав не е таков, истакнува Димитров.
Вицепремиерот за европски прашања нагласува дека последниве години биле отворени пет прашања, а потоа следело уште едно пописот.
– Мора да се седне да се разговара. Лидерство е потребно од двете страни и да најдеме разумни решенија. Ова стана европски проблем затоа што Софија го одведе до Брисел. Да почекаме да видиме, кој ќе биде соговорникот со новата бугарска влада. Мора да бидеме поодговорни кон себе и да немаме преголеми очекувања секој декември и секој јуни, вели Димитров.
Во врска со повлекувањето на Заев и пораките дека уриваат прогресивни сили, Димитров смета дека за жал за овој исход удел има и Европа, односно Бугарија.
– За жал, за овој исход удел има и Европа, а под тоа мислам на Бугарија. Потребно е и ние да сработиме уште повеќе, да продолжат проевропските и проатлантските политика. Но, таму не до крај разбираат зошто ставивме равенство меѓу локални извори и влада. Постои загриженост дали тука ќе се задржи компасот, вели Димитров и додава дека во политиката се потребни повеќе идеали и принципи и оти пораките на народот мора да бидат слушнати.
Димитров, кој наместо Заев, присустуваше на самитит „Отворен Балкан“ во Белград изјави дека главната порака од таму е оваа иницијатива да не биде сведена на тројца.
Тој нагласува дека европската интеграција е патот на трите земји, но оти додека тие чекаат некакво придвижување во застојот на евроинтеграцијата, работат на сопствениот развој.
– Таму има малку поинаков поглед кон тоа европската интеграција да се врати, да профункционира. Ние не можеме да чекаме сето ова, како што е недовербата на ЕУ и застојот на процесот на интегрирање, да помине. Расположението таму е „дајте да видиме што можеме ние да направиме да си ги подобриме позициите“, регионот да пркне малку. Имавме заедничка изјава во која се вели дека Македонија е пример за неисполнети ветувања од ЕУ и мислам дека ова е начин регионот да се солидаризира со нас, вели Димитров во гостувањето во Утрински брифинг.
Comments are closed for this post.