Организација во која членуваат сите членки на ЕУ, плус Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, а останува и Обединетото Кралство,исти правила за внатрешен пазар како и во ЕУ, слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал исто како да сме членка на ЕУ. Овие придобивки можевме да ги имаме ако претседателот Стево Пендаровски ја прифател понудата Македонија да биде членка на Европската економска заедница.
Во врска со прашањата за изјавата на претседателот Пендаровски за потенцијално членство во Европската економска зона неговиот Кабинет излезе со следниот став.
Во октомври 2019 година кога отварањето преговори со ЕУ за нашата земја беше одложено заради усвојување на новата методологија, во Брисел, неофицијално циркулираше идејата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во Европската економска зона, се разбира, откако ќе ги исполнат потребните услови за тоа.
Ставот на претседателот Пендаровски и тогаш и сега беше дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа затоа што полноправното членство во ЕУ подразбира да сте дел и од заедничкиот европски пазар.
Comments are closed for this post.