Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски разговарал со заменик помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер.

Остварив телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија г. Метју Палмер во кој разговаравме за актуелните политички и општествени случувања во земјава, како и исполнувањето на стратешките приоритети.

Во разговорот беше потврдено стратешкото пријателство со САД, и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО Алијансата и исполнување на потребните демократски вредности.

Ја истакнав потребата за почитување на принципите за владеење на правото и правната држава, како и неопходноста од реформи кои ќе значат одлучна борба против криминалот и корупцијата.

Воедно беше истакната потребата од дијалог на највисоко ниво за клучните прашања важни за граѓаните и заедничкиот напредок.

Во разговорот посочив дека потребни се квалитетни решенија за престојниот попис на населението, како и конечен договор со источниот сосед, кој нема да опфати било какви национални и идентитетски отстапки, а нашиот источен сосед ќе подржи одржување на меѓувладина конференција, без дополнителни условувања, а билатералните прашања да се решаваат надвор од процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.