Како топлотните бранови убиваат и што можеме да направиме за да се заштитиме од долги периоди на високи температури?

Кој е загрозен

Бројот на луѓе изложени на екстремна топлина значително се зголеми во 21 век.

Помеѓу 2000 и 2016 година, бројот на луѓе кои се изложени на силни топлотни бранови е зголемен за околу 125 милиони, според Светската здравствена организација (СЗО).

Во овој период имаше голем број на екстремни случаи, вклучувајќи го и оној во 2003 година, кога како резултат на горештина во Европа загинаа 70.000 луѓе, и вториот во 2010 година, кога дојде до 56.000 смртни случаи за време на 44-дневниот топлотниот бран во Руската Федерација (податоци СЗО).

-Постарите лица, доенчињата и децата, бремените жени, работниците кои работат на отворено, спортисти и сиромашните се повеќе склони да страдаат од топлина, според Светската здравствена организација.

Постари лица, бремени жени и деца се загрозени, бидејќи нивниот имунолошки систем е послаб.

Оние кои поминуваат време на отворено, на пример, работници на фармите и оние без соодветна заштита, се неспоредливо повеќе се изложени на сонце. Големиот физички напор го загрева телото, што загрозени ги прави и оние кои се вклучени во спортски активности.

Топлината и телото

Како топлокрвен вид нашите тела жестоко се борат за задржување на внатрешна температура од околу 37 степени Целзиусови.

Кога температурата од околината се зголемува, телото се обидува да ја ослободи топлината.

-Ако температурата околу нас се задржи подолго време некаде околу здравата внатрешна температура на нашите тела, тогаш станува опасно, вели доктор Даврон Мукхамедиев, координатор за здеавје во Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина (ИЦРФ).

Топлината го тера срцето да пумпа повеќе крв кон површината на кожата, од каде топлината се ослободува во воздухот. Ова е причината зошто некои луѓе изгледаат црвеникаво во топла средина.

Симптоми на топлотен удар

1. Главоболка, несвестица и непријатност

2.Немир и збунетост

3. Топла, заруменета и сува кожа

4. Забрзано влошување на степенот на реакција

5.Забрзан или силен пулс

6. Температура над 40 степени Целзиусови

(Извор – амбуланта „Сент Џон”, Велика Британија)

Потење

Ние многу се потиме. Испарувањето за последица има ладење, но ефикасноста на овој механизам е значително намалена ако температурата на околината е иста како и температурата на кожата или е поголема од температурата на кожата.

-Температурите над 37 степени се особено опасни. Дури и во денови кога температурата е над 30 Целзиусови степени, треба да преземеме мерки за намалување на изложеноста на топлина. Влажноста, исто така, игра голема улога, бидејќи кога влажноста е висока, луѓето потешко се потат и се ладат, вели Мукхамадиев.

Реакциите на екстремна топлина вклучуваат симптоми како што се несвестица, главоболка и губење на свеста.

-Брзите скокви во акумулираната топлина поради изложеноста на условите потопли од просечните ја нарушува способноста на телото да ја регулира температурата и, како последица на тоа, може да има цела низа болести, вклучително и грчеви од топлина, исцрпеност, топлотен удар и хипертермија, велат од СЗО.



Последици по здравјето

Почетната изложеност може да предизвика и отекување и осип на кожата.

-Како што нашите тела повеќе се трудат, крвните садови се шират и издолжуваат, а течноста може да тече низ нивните ѕидови. Познато е дека тоа предизвикува топлоте едем или отечени стопала, глуждови и нозе, како што тоа се случува со некои од нас, вели британската владина агенција Јавно здравје на Англија.

Мешавина од губење на течности од потење во содејство со понизок крвен притисок може да доведе до посериозни проблеми.

Срцев удар

Ако некое лице е изложено на топлина подолг временски период, се зголемуваат шансите за смртоносни срцеви напади.

-Потењето води кон дехидрација, со што се намалува количината на крв. Поради тоа, срцето пумпа посилно за да циркулира намалено количество крв по телото, вели Тони Стабс. Тој е извршен директор на Австралиската фондација за срце.

-За луѓето со срцеви заболувања и оние склони на срцев удар, овие промени можат да го преоптоварат срцето и да завршат со срцев застој, додава тој.

Топотен удар

Покрај тоа што негативно влијание на кардио-васкуларниот систем, изложеноста на високи температури во подолг временски период може да предизвика и топлотен удар, кој бара итна медицинска интервенција.

Топлотниот удар предизвикува откажување на хипоталамусот, регион на мозокот кој ги контролира функциите на телото, како што се потењето.

Националната здравствена служба, тело кое ги надгледува сите здравствени услуги во Велика Британија, вели: „Топлотните удари настануваат ако телесната температура надминува 40 степени Целзиусови, спречувајќи клетките и телесните системи да функционираат нормално“.

Кога хипоталамусот откаже, тој нè лишува од нашата способност за потење и оттука и контрола на температурата на телото.

-Оние на кои ќе им се случи тоа може да доживеат брзо дишење, главоболка, летаргија, конфузија или дури и губење на свеста. Ако не им се даде итна помош, може да заврши со откажување на повеќе органи и смрт, вели НХС.

Смрт

 

Намалување на времето поминато во активности на отворено, земање вода и чести одмори може да помогне телото да закрепне брзо.

-Смрт и хоспитализација од топлина може да се случи многу брзо (истиот ден) или да има одложено дејство (неколку дена подоцна) и како резултат на тоа има забрзана смрт или болест, кај веќе од претходно нарушено здравје, особено во првите денови на топлотниот бран, вели СЗО.

Како да се излезе на крај со топлотниот бран

• Избегнувајте топлина: тргнете се од сонце и не излегувајте меѓу 11 и 15 часот (најтопниот дел од денот), ако сте чувствителни на дејството на топлината.

• Разладете ги просториите со помош на ролетни или рефлективен материјал на прозорците.

• Туширајте се со ладна вода или правете ладна купка и прскајте со ладна вода.

• Пијте многу течности и избегнувајте прекумерен внес на алкохол – водата, млекото со малку масти, чајот и кафето се добри опции.

• Носете широки алишта кои ве ладат, капи и очила за сонце ако сте на отворено.

• Проверувајте ги пријателите, роднините и соседите кои можеби се помалку способни да се грижат за себе.

(Извор НХС Велика Британија)

Отпорност

Деструктивниот потенцијал на топлотните бранови е добро документиран и многу градови и заедници почнаа да развиваат акциони планови.

Но, се чини дека и човечкото тело може да работи на решение.

Тим истражувачи на Универзитетот во Харвард ги проучувал смртните случаи предизвикани од топлина во 105 американски градови помеѓу 1987 и 2005 година и заклучил дека ризикот од смрт од топлина значително се намалил.

-Населението со тек на времето станало поотпорно на топлина, заклучуваат авторите.

Но, ризиците сè уште не се целосно исчезнати.

-Зголемувањето на просечните температури за 2,8 Целзиусови степени ќе доведе до дополнителни 1.907 смртни случаи по лето во сите градови, предупредува студијата.

Подобро да се спречи отколку да се лечи