32 годишен двегодишен штипјанец е обвинет за  измама и злоупотреби средства од фондовите на Европската Унија.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинението следи по сеопфатна  истражната постапка водена од јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, во која се прибрани  материјални и вербални докази, по чие разгледување и анализа е утврдено дека обвинетиот искористувајќи ист траен однос со преземање на временски поврзани дејствија, во текот на временскиот период од 2015 до 2017 година ги извршил кривичните дела – злоупотреба на службена положба и овластување  и измама на штета на средства на ЕУ.

Обвинетиот, како што е наведено во соопштението, кривичното дело го извршил како одговорно лице – управител на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе, каде содружник е и правното лице „АГРОПИОНЕР“ ДОО Скопје управувано од државјанин на Саудиска Арабија.

Употребувајќи средства спротивно од одобрената намена за која се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и со искористување, пречекорување и неизвршување на своите овластувања и должности обвинетиот нанел штета на  оштетеното правно лице во кое бил управител и тоа во вкупен износ од  69.825.499,00 денари, велат од Обвинителството.