Шилегов и кандидатот за градоначалник на Карпош распшале тендер за компанија која веќе ја завршила работата

19.09.2021 / 12:22


Огромни скандали и страшни криминалии и прекршување на закони се направени од страна на кадрите на СДСМ во институциите со кои што владеат. Почнувајќи од централната власт, па потоа Петре Шилегов во Град Скопје, а по него и следствено директорите на јавните претпријатија. Нема ред, нема поредок, единствено само криминал. За сето ова сведоци сме секојдневно, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес ќе обзнаниме огромен скандал за тоа како се местат тендери и како фирмите на СДСМ работат и ги испумпуваат парите на граѓаните. Уште еднаш сакам да ја замолам и јавноста, но и институциите внимателно да го следат овој случај деновиве. Имено за што се работи? ЈП Водовод и канализации, директорот кој беше доскорашен трет човек во партијата и еден од милениците на Петре Шилегов, Душко Весковски, секоја година како директор склучува рамковна спогодба за изведување на работи и реконструкција, доградба и замена на водоводни мрежи. Така и минатата година, ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски потпишале рамковна спогодба врз основ на тендер со пет фирми, уште во април 2020-тата година. Вредноста на тендерот за реконструкција на водоводна мрежа е околу 2 милиони евра без ДДВ секоја година. Е сега, по потпишување на оваа рамковна спогодба, за секоја реконструкција на било која мрежа која што сака да ја прави ЈП Водовод и канализација, мора да има тендер помеѓу овие 5 фирми, односно бирање на најповолен понудувач и се прави негативно наддавање, односно единствен услов е да има најниска цена и најповолен понудувач помеѓу овие пет фирми за реконструкција на одредена мрежа. Фирмата која ќе биде деновиве предмет на интерес, внимавајте една од овие пет фирми која потпишале рамковна спогодба, а тоа фирмата КБК Инженеринг, чии сопственици се знае и се сметаат дека се многу блиски до СДСМ како партија – вели Арсовски.

Тој додава дека да преминеме на главниот случај кој е сам по себе криминален. ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски директорот одлучуваат да ја реконструираат водоводната мрежа на улица „Варшавска“ во Карпош и реконструкцијата ја започнуваат на ден пред избори на 14-ти јули 2020-та година и реконструкцијата внимавајте ја започнува и ја прави фирмата КБК Инженеринг. За сето ова ние имаме и докази кога започнала реконструкцијата односно кога траела што дополнително ќе бидат обзнанети. Реконструкцијата оваа фирма КБК Инженеринг инаку блиску до СДСМ, ја завршува некаде кон крајот на август, по што на улицата „Варшавска“ почнуваат други активности за реконструкции, но за тие ќе говориме во некоја следна прилика. КБК Инженеринг почнува со работа на 14-ти јули, но почнува без да има одбирање на најповолен понудувач за која од овие 5 фирми да ја добие работата. Фирмата ја завршува работата во втората половина на август, одлука за најповолен понудувач помеѓу овие пет фирми се уште нема.

Одлука за најповолен понудувач се носи дури на 6-ти октомври, а договорот е потпишан на 9-ти октомври помеѓу Водовод и КБК Инженеринг за реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“, која што веќе е завршена. Значи да резимираме уште еднаш, фирмата КБК Инженеринг оди на улица „Варшавска“ во јули, реконструира водоводна мрежа, надвор од закон, надвор од процедури, надвор од се останато што пропишуваат законите, ја завршува работата и дури после месец и пол се носи избор за најповолен понудувач токму фирмата КБК Инженеринг, и се потпишува договор за работа, дури откако целата реконструкција е завршена. Согласно договорот вредноста на реконструкцијата според е 18.041.646 денари или приближно 300.000 евра со ДДВ. Значи, директорот на Водовод, Весковски однапред имал смислено заедно со Шилегов која фирма ќе ја добие работата, најверојатно во претходен договор со нив и свесно, на нивна совест, прават криминално дело или правно толкувано несовесно работење во служба согласно член 353 од Кривичен Законик, што јасно покажува дека во овој случај треба да има и постапка од страна на надлежните институции. Тендер-тандемот Шилегов- Весковски местеле тендер, прво ја завршиле набавката, па распишале тендер односно одлука за избор на најповолен понудувач каде добитник е фирмата која претходно ја завршила работата, вели Арсовски.

Тој додава дека појасен доказ и показател за тоа како се местат тендери, за фирми блиски до СДСМ, нема. Појасен показател како се испумпуваат народните пари, нема. Појасен показател од ова, дека ЈП на Град Скопје и нивните директори тонат во криминал, нема. Како што споменав на самиот почеток внимателно следете, ние поседуваме сериозни и целокупни докази и документација за целиот овој случај што потенцира и докажува дека овој тендер е наместен, а наредните денови ќе ги обзнаниме во детали. Јавноста ќе се запрепасти како се трошат нивните пари од страна на кадрите на СДСМ кои раководат со институциите, во случајот директорот на ЈП Водовод. Овие договори се само вовед во сето она кое што ќе го дознае јавноста.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Сиљановска Давкова: Државата јакнее преку националното помирување

пред 11 часа
Македонија

Што говореше Питу Гули: Јас немам мајка, немам жена, немам деца – мојата мајка е Македонија

пред 12 часа
Македонија

Мицкоски: Поопасно од секоја криза е моментот кога народ ќе престане да верува во себе

пред 12 часа
Македонија

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој

пред 13 часа
Македонија

Мицкоски: Историјата не бара од нас да ги повторуваме чекорите на илинденците и асномците, туку да ја покажеме истата храброст што тие ја покажаа

пред 13 часа
Македонија

Николоски:Убаво е да се видат 47 среќни семејства, со овие проекти решаваме животни прашања

пред 1 ден
Македонија

Празничен продолжен викенд: Охрид и Битола полни, гужви на Табановце и Евзони

пред 2 дена
Македонија

Ахмети имал инфорации дека ќе му се суди на УЧК во Хаг

пред 2 дена
Македонија

СДСМ и Филипче со години ги криеле анализите за загадена вода

пред 3 дена
Македонија

Mицкоски го потести Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо

пред 3 дена
Jojobet GirişJojobetHoliganbet girişHoliganbetHoliganbetGrandpashabetGrandpashabethttps://gunprodeals.com/MadridbetJojobetHoliganbetMadridbetJojobetjojobetgrandpashabetcasibomiptv satın albetcioGrandpashabetAnkara escortjojobetAnkara escortjojobet girişCasibombetcio