Членот на ИО на СДСМ и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов придружуван од градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, членот на ЦО на СДСМ, Андреј Жерновски и претседателката на ОО СДСМ Аеродром Љубица Јанчева, попладнево учествуваше на маалска средба со граѓаните од населбата Аеродром.
Шилегов разговараше на повеќе теми со граѓаните на општина Аеродорм, а посебен осврт беше ставен на урбанистичкото планирање и обновувањето на патната инфраструктура, како и мерките кои се преземаат како идејно решение во справувањето со загадениот воздух.
– Во општина Аеродром, како и во повеќето скопски општини се реконструирани неколку значајни собраќајници, а во моментов во општина Аеродорм се заврши реконструкцијата на булеварот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, а во финална фаза е реконструкцијата на улицата „23 октомври“ поранешна „Владимир Комаров“. Работиме интензивно за подобрување на собраќајната инфраструктурата во градот Скопје, со цел возачите, како и велосипедистите и пешаците да бидат безбедни и сигурни, истакна Шилегов.
Шилегов се осврна и на проблемот со уличните кучиња во населбите Аеродром и Ново Лисиче.
– Грозоморен е чинот на убиства на улични кучиња што се случија во овој дел од градот. Згрозен сум од таквиот чин и ќе се заложам сторителот да биде пронајден и соодветно казнет. Како градска власт ние сме се сојузници со вас граѓаните во решавање на проблемот со уличните кучиња. Правиме се да го решиме проблемот без притоа кој било да биде оштетен. Во таа насока во соработка со стационарот Лајка ќе воведеме комунални инспектори кои работат токму на проблемите со кучињата скитници. Вашата реакција е разбирлива и  оправдана и затоа ве повикувам уште утре да организираме заеднички состанок со директорката на стационарот Лајка за да изнајдеме што е можно поефикасно решение, рече меѓу другото Шилегов.
Непосредните средби со граѓаните преку кои ги слушаме нивните потреби, барања, идеи и сугестии останува дел од редовното функционирање на СДСМ.
Промените во владеењето на градската и општинската власт даваат реални резултати.
Денес граѓаните се диретно вклучени во планирањето и дизајнирањето на проекти и решенија кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани.
Градиме по план и се грижиме за сите граѓани