Во последните 24 часа регистрирани се 43 нови случаи на ковид-19, од направени 3.007 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Оздравени се 48 пациенти. Пријавени се вкупно шест починати лица, од кои две лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово, Тетово и Велес. Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите четири во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.