Давајќи осврт на крупните успеси во последниве две години, министерката Шекеринска за „Алсат М“ посочи дека владата покажа дека не ги поткревала нереално очекувањата и дека она што ќе го најави го завршува целосно.
Имаме брз процес на ратификации на протоколот за членство во НАТО, завршен во 17 земји членки, што е политичка порака дека оваа држава се извади од калта.
Шекеринска рече дека Владата не направи ниту една грешка и не им даде аргумент на скептиците да бараат оправдување за одлагање на почетокот на преговори со ЕУ. За ова прашање за РСМ има консензус – рече министерката.
Comments are closed for this post.