Светот го поддржува тоа тоа што се случува во нашата држава, ни дава поддршка и шанса да обезбедиме подобар живот за сите наши граѓани, истакна македонскиот министер за одбрана Радмила Шекеринска, за време на денешниот престој во Битола.
Во изјава за јавноста, Шекеринска потсети дека владините ветувања се исполнуваат, а инвестицијата во безбедност, овозможи двојни економски ефекти.
Минатата година, кога Владата најави амбициозна НАТО агенда, многумина сметаа дека тоа е само лажен оптимизам. Се покажа дека тоа што го најавуваме, и тоа што го ветуваме го испорачавме. Нашата држава ја доби поканата за членство во НАТО, за многу краток период ги завршивме пристапните разговори и добивме протокол за пристапување, и очекуваме во исто така брза постапка, да станеме рамноправна членка на најглемиот воено-политички сојуз. Тоа веднаш имаше позитивни ефекти и врз економијата. Во 2018 година странските директни инвестиции беа речиси четири пати повисоки отколку во претходната година. Тие беа двојно повисоки од најдобрата година по странски директни инвестиции, односно 2011 година. Тоа покажува дека нашата одлука, одлуката на нашата држава за инвестиција во безбедност беше оправдана и тоа ќе значи повеќе економски шанси, подобар живот на граѓаните, истакна министерката Шекеринска.
На средбата со новинарите во Битола, министерката најави дека економските ефекти се со широк опфат.
Нашиот фокус сега целосно е посветен на прашањата кои се однесуваат на сите граѓани, а тоа е да продолжи трендот на пораст на платите, да продолжи трендот на зајакната економска активност и зголемување на бројот на странски и домашни инвестиции. Затоа денес, со различни институции во Општина Битола разговараме како државните институции да го помогнат овој процес. Задоволни сме што Собранието го изоди најдолгиот пат во делот на важните Закони со кои се обезбеди државна социјална пензија, со тие Закони ќе се обезбеди зголемување на социјалната помош на лицата на кои најмногу им е потребна, и со тие Закони ќе овозможиме поголема еднаквост и поддршка за оние што се најзагрозени, рече министерката Шекеринска и додаде, продолжуваме да работиме на НАТО бидејќи знаеме дека тоа ќе ни врати и во делот на економијата.
Comments are closed for this post.