Мораме да се навикнеме дека ќе бидеме цел на различни, сајбер, хибридни напади со цел да го загрозат нашето членство во НАТО, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Таа зборувајќи за „упадот“ со руските пранкери, рече дека такво нешто се случувало и со други лидери, на земји-члнеки на НАТО, а во тој напад на Заев немало ништо пробиено од разунавачка природа. Таа притоа рече дека „треба да ја менуваме нашата безбодносна култура и десетпати да провериме“
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, смета дека службите не можеле да реагираат за да се спречи разговорот на премиерот Зоран Заев со лажните Столтенберг и Порошенко. Таа вели дека државата мора да се навикне на тоа дека ќе биде цел на хибридни, сајбер, но и друг тип закани.
Знаете кога службите би можеле да реагираат на такво нешто? Кога би го правеле тоа што го правеше Сашо Мијалков. Кога би ги прислушувале сите разговори на премиерот и пост фестум да ги анализираат. Ако сакаме да бидеме демократија да знаеме дека ќе имаме и дополнителни ризици“, вели министерката Шекеринска.
На прашањето кој ќе преземе одговорност за разговорот на премиерот Заев со руските подбивачи Вован и Лексус, Шекеринска рече:
Знаете кој презема одговорност во НАТО поради разговорот со генералниот секретар? Кој си замина од француската служба поради разговорот?“, додавајќи дека ваквиот тип закани ќе продожат.
Таа притоа истакна дека за таков настан, ако целта ни е НАТО и ЕУ мора да развиеме отпорност и кога ќе видиме таква закана најдобро решение е таа да се маргинализира, наместо да и се придава големо значење, односно да се прави муабет за нејзе.
Comments are closed for this post.