Ова не е превид, туку очигледно дека некој од малкутемина што знаеле ја споделиле таа информација со човекот што требаше да се соочи со правдата“, е реакцијата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за случајот со Сашо Мијалков.

Таа истакна дека Владата ќе бара одговорност од оние кај кои има пропусти за овој случај.

Ќе бараме одговорност, бидејќи веќе прашањето не е како да се обезбедат луѓето што бегаат од правдата да се соочат со правдата, а организаторите да одговорат, туку кој го информирал Мијалков и го обезбедил неговото бегство, рече Шекеринска која напомена дека виновниците не треба да имаат само политичка, туку и кривична одговорност.

Пред ова бегство ниту извршната власт ниту правосудните органи нема да затворат очи., изјави Шекеринска од Криволак.

Амбасадорката Кејт Мери Брнз посочи дека нема што да додаде со случајот, туку дека ги следи случувањата и благодарни се на Владата што ги споделува сите информации.