Оваа недела се очекуваат сериозни разговори и во рамки на владејачката коалиција и во редовите на СДСМ во врска со тоа дали заедно со претседателските ќе се одржат и вонредни парламентарни избори, но и во врска со претседателските кандидати.
Ова го истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот словенечки колега Карл Ерјавец.
-Јас како човек кој има позиција во Владата, но и како човек со позиција во СДСМ сакам прво да им ги соопштам своите ставови на своите колеги, а потоа во медиумите, рече Шекеринска одговарајќи на тоа дали е за претседателски со предвремени избори и дали евентуално ќе се кандидира за претседател на државата.
-Сега целиот фокус е на она што го најавувавме и на почетокот на нашиот мандат, следните неколку недели да го реализираме тоа што го најавуваме и со тоа верувам дека на вистински начин ќе заслужиме поддршка на кои било избори, не да зборуваме за следното, туку да го испорачаме тоа што сме го кажувале и вчера и завчера и изминатата година, додаде таа.
Comments are closed for this post.