Се одмотува клопчето за уапсениот бизнисмен од Македонија Шевшет Демировски. Како што пишува „Курир.рс“, тој сакал од српската фабрика за оружје „Први Партизан“ да купи документација и проекти за производство на муниција за снајперска пушка со калибар 12,7 милиметри.

Проектите требало да му бидат предадени од двајца инжинери од фабриката но сите биле фатени во заедничка акција на српската полиција и Безбедносно-информативната агенција (БИА)

Еден од уапсените наводно земал аванс од 30.000 евра, целата документација требало да биде предадена во хотелот „Хилтон“  во Белград, каде и се уапсени.

Ваквото оружје Шефчет планирал да го искористи за производство на снајперска пушка во својата фабрика во Визбегово но и во Катар, каде исто така има погон.