Вчера во СВР Штип било пријавено дека околу 13.00 часот во Клиничката болница Штип починал С. М.(66) од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот внук В.З.(19), кој со метален предмет и камен му нанел повреди на главата.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. В.З. е приведен и задржан во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител.