Претседателот на Собранието на Албанија, Грамоз Руци го прими денес лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села. Албаниан њуз објави дека станува збор за лидер на албанска демократска партија од Северна Македонија.
На средбата се разговарало да се зголемат напорите и соработката со цел да се постигне максимално претставување како и за правата на Албанците во Северна Македонија, да се зголеми нивниот придонес за развојот и на европската перспектива, како и на мирот и безбедноста во регионот.
Руци ја поздравил улогата и придонесот на Албанците во Северна Македонија во последните позитивни промени во земјата, проценка која тој им ја пренел на државните лидери за време на неговата посета на Северна Македонија.
Во тој контекст било договорено дека позицијата на албанските политички сили во Македонија треба да биде во согласност со меѓународните партнери со цел да се гарантира американска поддршка и инвестиции за поддршка на Албанците, како и за мирот, стабилноста и развојот на регионот.
Comments are closed for this post.