Лидерот на Алијансата за Албанците во Фејсбук статус ги искоментрира случувањата во Собранието поврзани со одземањето на имунитетот на Вељаноски. Тој прашува дали можеби Талат Џафери намерно не му го одзема имунитетот на поранешниот спикер бидејќи тој знае многу работи за случувањата на 27 април.

Разголенa вистина. Вчера Агим, денес Талат. Замислете го човекот кој беше избран за претседател на Собранието на бурен начини, денес „наводно“ со изговор дека нема услови спречија да му се одземе имунитетот на Трајко Вељановски. Дали станува збор за еден глас или се крие нешто многу повеќе, вклучително и 27 април (за што Вељановски има многу да открие) што го принуди шефот на ДУИ да го направи синоќешното сценарио?

П.С: Дали е продолжена рака, или фатена опашка, напиша Села на Фејсбук