Каде исчезнаа донациите со опрема за здравствени работници? Здравствени работници се борат со КОВИД-19 без опрема. Тие се приморани да користат една маска во тек на работното време. Секој ден расте бројот на заболени здравствени работници од корона, поради недостиг на опрема, реалност во македонските болници.
Министерството за здравство смирува, вели дека опрема за сите болници има.
Министерот за здравство, Венко Филипче во неколку наврати на своите прес конференции рече дека во справувањето со корона вирусот има заштитна опрема сосема доволно, дека се користи соодветно, а лекарите имаат искуство како се користи.
Државата во ек на пандемија доби безброј донации од странски држави за здравствените работници, со цел да се заштитат бидејќи тие се први во борбената линија со вирусот.
Според сајтот на министерство за здравство – Странските претставништва и земји кои донираа за сузбивање на коронавирусот се Европска Унија, Соединети Американски Држави, Чешка Република, Турција, Германската, Француската, Кинеската, Швајцарската и Американската Амбасада, Амбасада на Холандија Амбасадата на Јапонија. Освен странски земји и амбасади, донираа безброј македонски компании и институции.
Но исто така во месец мај повеќе од осум тони заштитна опрема пристигна на Скопскиот аеродром како донација од Катар за справување на земјава со КОВИД-19.
Се работи за голема количество, преку осум тони заштитна опрема која се состои од близу 500.000 хируршки маски, околу 90 илјади трослојни медицински и хируршки маски, над 70 илјади заштитни маски N95. Покрај маските, пакетот содржи и десетици илјади заштитни очила, заштитни шлемови, заштитни скафандери, заштитни ракавици“, изјави тогаш Бујар Османи.
Доктор Игор Николов од самиот почетoк на корона кризата предупредува дека е потребно да се заштитат медицинските лица, како и сите здравствени работници.
Имаме најголем процент на заразен медицински персонал во регионот. Заразени се затоа што не се соодветно опремени, не се целосно обучени или немаат доволно информации. Недостасува опрема спрема препораките за различните нивоа на ризик. Недостасуваат информации и обука за соодветно користење на опремата. Многу често лекарите и медицинскиот персонал се оставени сами да се снабдуваат со заштитна опрема“, истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ на една од неговите прес конференции.
Comments are closed for this post.