Владата  на седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и за деца корисници на посебен додаток за лето 2019 година.

Министерството за труд и социјална политика е задолжено во рок од пет дена да донесе Програма за седумдневен одмор на децата опфатени со овој проект, како и да објави повик на  Национална радиотелевизија во сите редакции, веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика и во центрите за социјална работа во јуни 2019 година за учество на заинтересираните деца во оваа програма.