Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање закажана денес за во 11 часот беше одложена.
Откако членовите на Комисијата го усвоија дневниот ред таа беше презакажана за во 14 часот, затоа што Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност имал неодложни обврски. Отсутен беше и претседателот на Комисијата, Трајко Велјановски.
На седницата ќе се расправа за Деловникот на Комисијата за селекција и избор на работници од УБК во Агенцијата за национална безбедност.
Comments are closed for this post.