Бизнисменот Сеад Кочан неофицијално е хоспитализиран во една од приватните клиники во Скопје. Доброупатени извори за тв24 велат дека му е влошена здравствената состојба и за тоа е известен и Кривичниот совет кој попладнево треба да пресече дали Кочан за 5 дена (17 јули) ќе оди во затвор за случајот „Труст“ .
Според нивните информации паралелно во Агенцијата за управување со запленет имот е формирана комисија која му го чешла замрзнатиот имот и треба да почне конфискацијата на движен и недвижен имот во висина од околу 14 милиони евра од „Трансмет“ . Се проверува дали нешто е ставено под хипотека.
Кочан има поднесе барање до Врховниот суд за вонредно преиспитување на пресудата.
Основниот суд Скопје 1 потврдил дека тој и официјално го известил судијата за извршување санкции дека е хоспитализиран, притоа барајќи одлагање на извршувањето на казната.
Comments are closed for this post.