Двајца велосипедисти, една жена и малолетник вчера на локалниот пат Долно кон Горно Лисиче се судриле при што жената се здобила со повреди.
Како што соопшти МВР, случајот во СВР Скопје бил пријавен од комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив со повреди била донесена Е.С.(37) од Скопје, која, според пријавеното се здобила со повреди откако управувајќи велосипед удрила во друг велосипед, управуван од 11-годишен малолетник, на локалниот пат с.Долно Лисиче-с.Горно Лисиче.
Од полицијата информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.