Пратеникот Кастриот Реџепи за само неколку часа ја промени изјавата дали додека бил „киднапиран“ се слушнал со премиерот Заев. На обраќањето во Собранието рече дека се слушнал а пак вчера вечерта во гостување за „ТВ 21“ демантираше дека се слушнал со него но оти имал контакти со други политичари.

Не ми се јавил Заев. Нормално е дека се знаеме со него, но не ме побарал, ниту ми се јавил последниве 2 недели. Да Димитров, Оливер Спасовски, Маричиќ- рече Реџепи.

Само неколку часа пак го тврдеше спротивното.

Во кординација со премиерот сум бил и претоходно и понатаму како дел како висок функционер на владејачкото мнозинство а и во моментот кога поднесе оставка и апелирав да не го стори тоа бидејќи не е моментот.Сите други дејствија може да се направат откако ќе се обезбедиме дека го добиваме датумот. Сега не е време за препукувања, не е време за нестабилност.Да му дадеме шанса на процесот.

Прашуваме како можел Реџепи да се слушне со сите овие политичари кога тврдеше дека поради притисоци мобилниот телефон му бил исклучен?