Во денешното обраќање до јавноста Кастриот Реџепи беше прашан како ќе дејстува во иднина во Собранието со оглед на тоа што неговата партија Беса го исклучи.

Зачудувачки тој вели дека останува во движењето.

Јас сум пратеник на движењето Беса и се додека не се промени мојот статус ќе делувам така – вели Реџепи.

За стабилното мнозинство во Собранието рече дека бил надлежен премиерот Заев, но се направи дека не го слушна прашањето дали се сретнал со него и постојано потпивнуваше од шишенцето со вода.

Во кординација со премиерот сум бил и претоходно и понатаму како дел како висок функционер на владејачкото мнозинство а и во моментот кога поднесе оставка и апелирав да не го стори тоа бидејќи не е моментот.Сите други дејствија може да се направат откако ќе се обезбедиме дека го добиваме датумот. Сега не е време за препукувања, не е време за нестабилност.Да му дадеме шанса на процесот