Започна реконструкција на улицата „Пушкинова” во општина Кисела Вода.
Од Општината соопштија дека оваа улица има сериозни оштетувања за кои реагирале и граѓаните.
-Започнавме со гребење на оштетениот асфалт. Потоа тој ќе биде заменет со нов. Ги слушнавме нашите сограѓани кои секојдневно тука минуваат со возилата, движејќи се по дупки и различни оштетувања. Се работи за улица во централното јадро на општината, во близина на основно училиште. Оттука ја зедовме и како приоритетна за реконструкција. Во план ни се и многу други вакви фреквентни сообраќајници, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кој присуствуваше на почетокот на градежните работи.
Согласно предвидената динамика за работа, целосната реконструкција треба да заврши за 10–тина дена
Comments are closed for this post.