Вакцините против ковид на производителот „Астра Зенека“, кои ѝ беа на располагање на земјава, се целосно потрошени и тие се аплицираа на граѓани постари од 60 години, информираше министерот за за здравство Венко Филипче.

На прашањето дали се размислува за укинување на ограничувањето за тоа кои возрасни групи може да ја примат оваа вакцина, Филипче вели дека засега нема промена во ставот, односно останува препораката оваа вакцина да може да ја примат само граѓаните постари од 60 години.

Сите 24 илјади дози од вакцината на ‘Астра Зенека’ што ги имавме веќе им се дадени на повозрасни граѓани. Засега нема промени. Вакцината им е дадена на постарите граѓани, но не се земаат само предвид искуствата од Германија, туку и од други земји. Ќе се анализираат и другите публикации и ставови и врз основа на тоа ќе носиме одлуки. Засега нема промена во ставот“,