Со оглед на упатени прашања од различни медиуми во врска со корекцијата на интервјуто на премиерoт Зоран Заев, Македонската информативна агенција посочува дека немало никаква интервенција од Алексис Ципрас и од Атина како што се пренeсува, ниту од кого било.

Единствено што е точно е дека по увидените реакции во печатот за пренесеното интервју, е направена проверка на истото и е утврдено дека се направени погрешни интерпретации за што веднаш е направена корекција и истата коригирана изјава е дистрибуирана до јавноста.

Правило е кога агенциите ќе направат грешки да се испратат корекции, дополнувања на веста па дури кога станува збор за сосем погрешни вести и повлекување на истата.