Во текот на денот се очекува обвинителите од СЈО да одлучат како ќе постапуваат по одлуката да ги предадат предметите во Јавното обвинителство.
Поради ова денеска беше одлложен и судскиот процес „Транспортер.
Судиката Добрила Кацарска денеска нагласи дека судиите се доведени во ситуацијасами да одлучуваат како ќе постапуваат по предметите откако специјалната обвинителка Катица Јанева заврши во притвор а оттаму побара преземање на предметите од Јавното обвинителство.
Адвокатката Сања Алексиќ, која застапува неколку обвинети, смета дека „нема законска основа Специјалното јавно обвинителство да ги предаде предметите на редовното обвинителство затоа што СЈО беше единствено надлежно да гони за дела што произлегуваат од прислушуваните разговори“.
Comments are closed for this post.