Сојузот на средношколци донесе одлука да го прифати понуденото решение за државната матура понудено на последната средба со премиерот Зоран Заев, пратеничката Моника Зајкова и советникот на премиерот Ѓорѓи Тасев.

Полагање на два екстерни и два интерни испити, односно третиот екстерен да се организира интерно. Вакво решение за државна матура прифаќа Сојузот на средношколци кое им било понудено на последната средба со премиерот Зоран Заев, пратеничката Моника Зајкова и советникот на премиерот Ѓорѓи Тасев.

Како што објаснуваат од Сојузот на средношколци овој компромис предвидува промени и во начинот на добивање поени за државната матура, со тоа што екстерните ќе носат најмногу 20 поени, наместо сегашните 30, интерните најмногу 16, наместо сегашните шест и проектната задача ќе продолжи да носи најмногу 4 поени.

Сојузот смета дека ваквиот начин на распределба на поените е поправеден и порамномерен за сите матуранти. Дополнително, искрено веруваме дека комромисот што го постигнавме ги задоволува нашите два клучни принципи: квалитетот на образованието и интересот на учениците. Во извештаите на ОЕЦД државната матура е посочена како една од посилните страни на нашиот образовен систем. Сојузот планира овој епитет да го задржи. Исто така, вреди да се напомене дека моделот на 2 екстерни и 2 интерни испити бил веќе применуван во нашата земја од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година“, соопштија од Сојузот.

Тие додаваат дека оваа распределба на поени „значи дека и доколку еден ученик се здобие со послаба оценка на еден испит, таа оценка нема да влијае значително на бројот на поени“.

Сојузот на средношколци достави три услови до Владата. Првиот е формирање на работна група меѓу Државниот испитен центар и Сојузот.

Во оваа група треба да учествуваат претставници на Сојузот (ученици), наставници номирани од наша страна и претставници на ДИЦ. Со групата би претседавал претставник од Канцеларијата на премиерот. Планираме групата да работи до средината на март, а таа за задача ќе има да одлучува кои наставни програми ќе бидат скратени за есктерните испити. Со ова ние се осигуруваме дека ученичкиот глас ќе биде застапен во кратењето на програмите за испитите и дека тие промени навистина ќе се случат“, велат од Сојузот.

Вториот услов им е наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити најмалку три недели пред денот на испитот. Поточно, форматот на испити, конкретни содржини и прашања за истиот. Тие сметаат дека овој услов ќе го олесни процесот на подготовка.

Третиот услов е зголемување на коефициентот за добивање на поени доколку екстерниот испит е несоодветен за студиите на кои се запишува ученикот.

Сегашниот модел доделува најмногу 5 поени за несоодветен есктерен испит. Ние бараме бројот на поени да се зголеми на 7. Со ова ги штитиме матурантите кои стравуваат дека нивниот соодветен екстерен испит ќе се претвори во интерен, па тие би изгубиле на поени. Нашето барање ја елиминира оваа појава“, објаснија од Сојузот.

Оттаму истакнуваат дека властите признале дека оваа учебна година не е како секоја друга и дека државната матура мора да биде изменета.

Средношколци – постигнавме договор и ги решивме нејасностите. Вашиот глас е алфа и омега за нас – борбата за средношколските права продолжува посилна од кога било!“, истакнуваат од Сојузот.